Нина Бадриќ по повод раскинувањето на свршувачката: „Не верувам во празни ветувања!“

Хрватската пејачка неодамна ја раскина свршувачката со бизнисменот Тино Брало и изјави дека претпочита сама да чекори во животот отколку да биде со маж кој е лош избор…

Коментирајќи ги многубројните написи за својата емотивна врска и за раскинувањето со бизнисменот Тино Брало, поп-пејачката Нина Бадриќ (46) открива дека во добар дел написите се измислени и невистинити, во кои таа не може ни да се препознае. Сепак, пејачката истакнува дека е мошне задоволна со својата одлука да продолжи понатаму сама. Во вистинска љубов се’ уште верува и трпеливо ја чека, надевајќи се дека таму некаде, само за неа, постои маж кој одново ќе и’ ја враќа насмевката на лицето. Моментално е насочена кон пријателите и роднините, како и на кариерата, бидејќи песните и’ помагаат да продолжи понатаму во најтешките мигови.

You may also like...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *