Се жени синот на Цеца Ражнатовиќ

Вељко Ражнатовиќ (23) и неговата свршеница Богдана Родиќ (22) наскоро ќе стапнат на „лудиот камен“. Свадбата е закажана за јуни идната година.

И додека многумина мислеа дека свадбата ќе биде на денот на свршувачката, која се случи во март годинава, оние што се добро упатени во настаните околу оваа млада двојка велат дека ги советувале да се венчаат по постот, во јуни 2019 година.

Таткото на идната невеста изјавил:

Кај Цеца бев пред помалку од еден месец и го запознав целото семејство. Цеца е природна и нормална жена, навистина се воодушевивме колку е културна. Тогаш се запознавме првпат и разговаравме за свадбата. Венчавката ќе биде идната година, но се’ уште не го прецизиравме датумот, можеби ќе биде во јуни. Не сум сигурен и немојте да ме држите за збор.“
Како што е познато, Вељко подолго време Богдана ја нарекува „мојата жена“, а така ја потпишува и на заедничките фотографии.

You may also like...