Сопругата на покојниот пејач: Имам фотографии, снимки и докази дека мојот сопруг е убеин

На профилот на покојниот пејач Синан Сакиќ се појави објава во која се поставува прашањето зошто пејачот е убиен. Сопругата на пејачот, Сабрина објаснил што се случувало додека лежел во болница, а неговата смрт вели дека е поради лошата нега и третман за време на лекувањето, кои довеле до кобен исход.

На Инстаграм профилот на Синан Сакиќ пишува:

-Драги пријатели, морам да ви кажам што ме мачи, после 9 месеци. Ме интересира зошто мојот сопруг е убиен? Ме молеше плачејќи да го спасам, да го носам дома, бидејќи докторот Цулафиќ не го лекува, сака да го убие, пет дена не му дале кардиолог, а имал срцев удар и оштетен срцев залисток. Никаква терапија освен клизма и малку инфузија не примил пет дена. Ми рече „те молам води ме одовде, ова не е болница, ни лудница, ова е логор, овде ти ја земаат последната капка достоинствож. Тие не ме лекуваат, се откажаа, ќе ме убијат“. Пет дена бил усно испуштен од болницата и чекал писмена отпусна листа.Намерно не му давале, никој не сакал да му помогне ни пријде. Молев, преколнував плачејќи да ми дадат кардиолог. Професорот Цуфалиќ, тој гад не ми даде. Професорката Радмила Јесиќ во паника пет дена претходно ми кажа: „Носи го Синан одовде, ќе го убијат“. Бев во паника, во неверување. Тој ден м,у ги извадија стентовите од каналите, но не смееја тоа да го прават. А, сега се прашувам по којзнае кој пат, зошто е убиен и по чија наредба е убиен мојот сопруг. Чекав некој тоа да го истражи, но никој ништо. Но ќе дознаам, имам фотографии, снимки, сите докази дека е убиен. Сега зајакнав и нема да дозволам олошите кои го убија да поминат неказнето. Се надевам дека ако постои правда и закон ќе бидат казнети, а верувам и во Божја правда – напиала Сабрина.

Author: FOLKCLUBTV

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *