Се породи Анастасија, Наум Петрески стана дедо


Анастасија, ќерката на фолк-пејачот Наум Петрески денеска стана мајка. Таа роди ќерка на која со сопругот, пејачот Владимир Поповски ѝ го дадоа името Андреа.
Ова е прво дете на двојката, која што се венча на почетокот на годинава, скоро една година откако се свршија.
Анастасија е најстарата ќерка на фолк-пејачот Наум Петрески, а Андреа е негова прва внука. Прва на Фејсбук се пофали сестрата на Анастасија, Сања.

Author: FOLKCLUBTV

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *