ЛУЃЕ И НАСТАНИ Се одлучија за развод, што сè ќе добие Јелена Карлеуша по разделбата од Душко Тошиќ?!

Душко Тошиќ одлучи да се разведе од Јелена Карлеуша, а како што дознава „Ало“, за куќата од 2,5 милиони евра, која ја купи, како и за 350.000 евра, кои во моментов ги има на сметката, спортистот нема да се бори и има намера да им ги остави на Јелена и децата.

Српскиот фудбалер Душко Тошиќ поднел барање за развод од Јелена Карлеуша, пишува „Ало“. Тој, според порталот, не сака да ѝ ја прости аферата со Огњен Врањеш, ниту, пак, да го дели своето богатство со неа. Душко, наводно веќе контактирал со адвокат и сака да го забрза процесот на развод. Тој ја избркал Јелена од Кина, но, како што пишуваат српските медиуми, таа не сакала да си оди оттаму.

Како што тврди извор близок на Тошиќ, фудбалерот ќе даде сè од себе разводот да помине што побезболно, како за него, така и за децата, поради што и не размислува да се бори за семејната недвижност која неодамна ѝ ја купи на Карлеуша.

Порталот се повикува на близок пријател и соиграч на Душко, кој открил дека неколку часа откако се појавиле пораките меѓу Јелена и Огњен, Тошиќ побарал контакт од добар адвокат за разводи.

Author: FOLKCLUBTV

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *