ДЕКИ САХ ГРУЕВСКИ ГО СНИМИ СВОЈОТ ПРВ СПОТ!

Претставува голем виртуоз на саксафон кој долги години го свири и е негова најголема љубов.

Токму деновиве Дејан Грујевски го сними и видео записот за своето најново музичко остварување, инструменталка која е во весел и брз ритам , отсвирена на нговиот саксафон. Музичката илузија, како што ја нарекува Дејан е дело кое ќе успее да расположи бројна публика на неговите настапи но и поголема негова промоција.

-Им се заблагодарувам на маестро Мишел Трајковски, “Сити саунд” и Бубе Соколовски, Елдин Исаиноски-гитара. Навистина прекрасен проект, започнуваме со едно оро, така што до крајот на 2019-та комплетно ќе се сними проектот наречен “Свадбарска музичка фантазија”. Така и овој чочек, оро го најавуваме како една “Модерна фантазија”, еден модерен призвук , некои убави ориентални елементи , вметнати со некој забавни музички ритмови, со некој забавни хармонии кои ќе бидат интересни за слушање , да внесеме некој модерен звук. Соработката е прекрасна и се надевам дека ќе трае и во иднина, истакнува Дејан.

You may also like...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *