Елена Јовческа не застанува, само после 15 денови повторно со нова песна и спот!


Пред само неколку недели промовираше спот, а веќе сними уште еден. Елена Јовческа не мирува на музички план. Во соработка со ИН Продукција, во познат скопски ресторан, со многубројни статисти, убави девојки, Јовческа го сними и спотот за песната “Ајде бато”. Најавува вистинско изненадување за публиката.

Она што го ветува на својата публика, таа секогаш го исполнува. Атрактивната фолкерка Елена Јовческа го сними најавениот спот за песната “Ајде бато”. Снимањето кое што беше во соработка со ИН Продукција, помина во одлична, пред се забавна атмосфера, а се одвиваше во познат скопски ресторан. Еве што изјави таа при нејзиното гостување во ИН Продукција.

-Следната песна е Ајде бато”, веќе е снимена и е сосема различна од Не ме допирај. Ќе си добие видео запис, но ќе биде многу поразлично од ова што денес го снимавме. Планирам да биде со мои драги пријатели, заедно да се собереме и да направиме еден убав видео запис. Имам некоја замисла, но ќе погледнете и вие и публиката. Се работи за поголем проект.-истакна Јовческа.

Елена овојпат одлучи во спотот да вклучи и повеќе девојки кои даваат уште подобар шмек на видеото кое има и своја приказна, а гледачите и публиката во најскоро време ќе имаат можност да го погледнат премиерно на сателитската ИН Телевизија.

-Ви благодарам од срце за прекрасната дружба и за тоа што ми ја направивте песната прекрасна, а и голема благодарност до ресторан Виолина Скопје. Ве сакам сите и очекувајте ја “Ајде бато”.–напиша Елена на својот фејсбук профил, веднаш по снимањето.

Фолкерката периодов работи навистина напорно, со тоа што пред извесно време го промовираше спотот за песната “Не ме допирај”, кое што истотака го изработија нејзините верни соработници од ИН Продукција.

Покрај снимањата на нови песни и видеа, не изостануваат и нејзините многубројни настапи низ земјава, со тоа што таа веќе е една од најбараните во нашата земја.

Author: FOLKCLUBTV

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *