Скандал на настап на Тања Савиќ: Пијани гости се обидувале да ја „пипкаат“ пејачката

Пејачката Тања Савиќ која некогаш важеше за една од најпопуларните „Ѕвезди на Гранд“, денес не е толку популарна како порано.

Како што пренесува „Ало“, таа пее за 500евра во најнепопуларни места во Србија. Во тие прилики имала непријатности од страна на пијаните гости кои се обидувале да и стават пари во градите, па нејзиниот сопруг Душан влегува во конфликт со нив.

„Тања неодамна пееше во една стара кафана во близна на Стара Пазова. Газдата и плати 500 евра, а во кафаната едвај имаше 20 луѓе, пијани“ вели за „Ало“ извор кој бил на лице место.

Поради празниот ресторан и пијаните гости, сопругот на Тања потполно полудел.

„Гостите наручуваа песни и од паричникот вадеа по 500, 1000 динари и се обидуваа да ги стават меѓу нејзините гради. Душан полуде и почна да вика.Во еден момент и кажа на Тања да престане да пее. Тогаш побара да дојде газдата на кафеаната и да објасни каков е тој третман кон неговата сопруга“ тврди изворот.

Сопственикот објаснил дека тоа е кафеана, не библиотека и дека Тања сама треба да стави дистанца меѓу гостите.

„Душан викаше дека Тања не е кафанска пејачка туку ѕвезда која сите мора да ја почитуваат. А газдата му одговори: „Ако е ѕвезда што прави во мојата кафана за 500 евра?“ раскажува изворот.

За среќа, не дошло до поголем инцидент, а настапот бргу завршил.

Author: FOLKCLUBTV

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *