Шокантно откритие на Анабела: „Љубовниците на бившиот јадеа и спиеја во мојата куќа“

Анабела Атијас за време на гостувањето во една ТВ-емисија јавно проговори за многубројните прељуби на својот сопруг Гаги Ѓогани, со кого се разведе пред десет години.

Пејачката призна дека станува збор за жени што и’ биле блиски како сестри.

Никогаш не ги фаќав мажите во неверство, информациите сами доаѓаа до мене. Нема да верувате колку блиски ми беа тие жени, речиси како сестри. Не можам да сфатам зошто. За што и’ да станувало збор, навистина немало потреба за тоа, јас им се восхитував, тоа беа целосно реализирани жени, сакани и убави. Никогаш не им кажав дека знам затоа што секогаш го обвинував мојот бивши сопруг. Никогаш не им замерив, најдов начин да се дистанцирам од нив. Дури и него би можела да го сфатам, но што е со нив?!“, раскажа Анабела во емисијата „Магазин ИН“, и додаде:


Тоа беа жени што доаѓаа во мојата куќа, јадеа, спиеја и јас се дружев со нив. Тоа е дупла болка. Дознавав од луѓето од нашата бранша кои никогаш не ги злоупотребија информациите затоа што и за нив тоа беше болно како и за мене. Многу страдав и ме болеше. Сакав само да ми кажат зошто го правеле тоа.“

Author: FOLKCLUBTV

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *