Се ожени фолк пејачот Ташко Каранфиловски


Викендов фолкерот Ташко Каранфилоски го кажа судбоносното “да” и одлучи да го продолжи својот живот заедно со својата избраничка убавата Мартина. Тие направија голема свадбена церемонија со сите елементи кои следуваа на една традиционална македонска свадба. Нивни кум на свадбената церемонија беше познатиот фолкер Благојче Стојаноски Туше, кој навистина се покажа во максимално позитивно светло. Свадбената свеченост се одржа во ресторанот “Вавилон” во Битола а на неа присуствуваа околу 800 гости, блиски роднини и пријатели на младоженците.

Нивната возбуда беше на максимално ниво, ведри и расположени како и секогаш Ташко и Мартина отворено ја споделија својата радост пред камерата на ИН телевизија.

-Денот навистина беше напорен малку, ама ќе речам слатко затоа што се спремавме за оваа голема свадбена веселба, каде што еве нашата свадбена свеченост брои околу 760 луѓе и денеска си поминавме премногу убаво. Помогна и времето со тоа, заедно да го одбележиме овој ден прекрасно, исткна Ташко.

Неговата избраничка Мартина ја запрашавме како течеле подготовките и каква е возбудата кај неа на свадбениот ден.

-Возбудата беше преголема. Изутрината бурно, со подготовки и нормално се се среди и беше во ред. Веслеба сега, преубаво си поминуваме. За мојот изглед се погрижи “Ина козмеитка” Струга, а за фустанот Магдалена Димоска од Охрид.

Секако неизоставен дел на свадбата беа и повеќето музички имиња од македонската естрада како Марјан Коцев, Јордан Митев и групата “Персиди” на кои припадна целосната веселба.

-Навистина ни е мерак што толкав дел на гости дојдоа исто така и од нашата естрада, како Јордан Митев, Марјан Коцев, група “Маестрал”, група “Плетенка”. Беа поканети уште гости од естрадата но секој со обврски, ете вечерва е сабота, работен ден за нас музичарите и можам да кажам дека навистина ми е премногу мило, додава Ташко.

Кумот кој дополнително ја подгрева атмосферата на секоја свадба, Благојче Стојаноски Туше, совршен како и секогаш со изборот на песни кои ги отпеа и расположението го доведе на максимум.

-Феноменална атмосфера. Се оди според планот и се е супер. Тие што биле во преспанско кумови знаат како оди традицијата. Значи тешко е, цел ден си на нозе, цел ден имаш некои обврски. Го пречекавме Ташко со неговите родители да не земат од дома околу 12 часот, па заминавме кај него. Од кај него после половина час, заминавме кај Мартина и таму уште еден саат па после тоа заминавме во црква во Болно. Имаше таму церемонија околу два часа. После тоа само се пресоблековме и директно од Ресен дојдовме тука во Битола, истакна Благојче.

На свадбената свеченост најповеќе се пееше македонска музика, како што впрочем личи на македонска свадба. Задоволството што е дел од една ваква голема свадбена свеченост не го криеше ниту Марјан Коцев, кој истакна дека долги години се познаваат со Ташко и се блиски соработници на музички план.

-Мило ми е што сум дел од музичкиот состав оваа вечер и на оваа голема свадбена церемонија. Со Таше се знаеме долги години и баш ми е драго што сум дел од оваа убава  и долгонајавувана вечер. Го памтам муабетот …”Бато јас кога ќе се женам, ти мора да ми пееш.” Така да, си остана на зборот достоинствен на мое огромно задоволство. Се надевам дека и на задоволство на сите мои, колеги музичари кои што се тука и на сите гости, истакна Марјан.

Свадбената свеченост траеше до доцна во вечерните часови, а секако продолжи и во текот на следниот ден, неделата. Инаку како што најавија Ташко и Мартина за својот меден месец ќе отпатуваат во Шведска, каде дел ќе биде работен за Ташко а дел ќе поминат најубави заеднички мигови. Уште еднаш им посакуваме многу љубов и разбирање во заедничкиот брак и се разбира да имаат многу дечиња.

Author: FOLKCLUBTV

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *