Лепа Брена 20 и кусур години продавала хамбургери и никој не знаел за тоа!

Лепа Брена со години или точни 26 години поседувала сендвичарница во Нови Сад и никој, дури ни најблиските пријатели не знаеле за тоа.

„Прв пат слушам дека Брена продава плескавици. Тоа е невозможно! Смешно е покрај толку пари да продава плескавици. Можеби го отворила киоскот на времето кога не знаела како ќе и оди со пеењето, но чудно ми е што никогаш не спомнала за ова“, рекол еден од нејзините соработници. 

Инаку, освен пеењето Брена најмногу пари заработила од Гранд продукција, каде беше косопственик до пред неколку години, односно додека таа и Саша Поповиќ поголемиот дел од компанијата не го продадоа за 15 милиони евра. Освен ова таа со сопругот има и кафуле и ресторан на Златибор, порано беа увозници на енергетски појалак, како и еден познат автомобилски бренд. 

И нивниот помал син има ресторан во центарот на Белград, а до неодамна со тоа се занимаваше и Филип. 

Author: FOLKCLUBTV

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *