Полеале наоколу со бензин, а носеле и запалки – куќата на Мирослав Илиќ за малку ќе била запалена

Куќата на српскиот пејач Мирослав Илиќ за малку ќе била запалена, а сето тоа го видел неговиот сосед.

Како што вели соседот за Курир.рс три момчиња носеле канти со бензин и запалки.

„Вудов дека полеваат околу куќата со бензин. Не знам зошто тоа го направија и што им е Мирослав виновен, но сигурен сум дека сакаа да палат. За среќа, се виде и уште еден сосед кој излезе надвор. Слушнав како вели „Ало, што правите, бре? Зошто полевате со бензин?“. Кога го слушнале сите тројца во паника избегаа – раскажал соседот.

Пожарот бил избегнат, а пејачот се уште не дал изјава за медиумите во врска со овој настан.

Author: FOLKCLUBTV

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *