За три месеци , Цеца, Кеба, Мартиновиќ и другите од Истичниот регион однесоа околу 150.000 евра

За неполни три месеци, Цеца, Кеба , Мартиновик и други  балкански естрадни звезди од  општините на Источниот регион  извлекоа речиси 150 000 евра.  Личниот вкус на градоначалниците, економската логика  но и ривалитетот  мегу општините   одлучуваа кој  ке ја забавува многуилјаданата публика.

Прва ѕвезда и оваа година во регионот беше  за илјадници фанови фамозната Цеца чиј концерт  на штипската Пастрмалијада беше  ударен настан. Колку илјади публика собарала е дискутабилно но не  е дискутабилна цената за која настапила. Нашите извори велат за  повеке од 25 а  за помалку   од 30 000 евра. Парите се обезбедени  пред се од спонзори и Цеца  по разлини основи си ги вратила.

Вториот атрактивен гостина на Пастрмалијадата, Данијела Мартиновик  за настапот во Штип е платена рамно 9 000 евра и според истите извори и таа за организаторот била профитабилна.

Истата Данијела Мартиновик чие лице  низ  улиците сеуште може да се види  беше гостин и на  Делчевскиот плоштад,  претпоставка е за истите пари  но нејасно  е   дали  била исплатлива  или некому направила лично задоволство само  да и ја стегне раката.

Во меѓувреме претходно, Галија беше во Македонска Каменица, Ален Исламовик од блиску за десеттина илјади евра  го виде Пехчево,  Џенан Лончаревик  за  7 Берово а популарнипт  Драган Којик Кеба   за добри пари, околу 15 000 евра,  разбра дека постои општината Чешиново Облешево.

Во однос на останатите, се издвои  Пробиштип кој ги обезбеди Дивље Јагоде и Јелана Томашевик  но градоначалникот тврди дека  биле исплатливи. Исто како и Штип, на еден или друг начин тие парите си вратиле а за граганите останала добра забава.

Како штипскиот  градоначалник Благој Бочварски  ја виде овогодишната Пастрмалијада?

„Да, ќе разработуваме концепти за натамошната организација на Пастрмајлијадата. Тоа значи ќе разговараме со граганите, и тоа ќе го направиме за наредната година. Сакам да го слушнам гласот на граганите, нивните мислења преку јавни расправи или дебати. Секој нивен предлог и гледиште за тоа како да изгледа организационо Пастрмајлијдата е добредојден“изјави Благој Бочварски – градоначалник на о. Штип

Но, дали концептот јадење, пиење и добра музика сеуште е  добар и треба ли во иднина за најзначајните општински манифестации  нешто да се менува?

„На тие што им се јаде ќе јадат, без разлика дали е пастрмалијада или не ,ама што го преместија терминот, во Штип се јаде пастрмалија од Митровден до Ѓурѓовден“

„Граѓаните треба да бидат малку поактивни , пред формирањето на тие активности , прво да се питаат граѓаните“

„Треба да има нормално“

„Треба да има промени нормално , и во музиката и во се “ изјавија граѓаните

На истото прашање, коментар има и министерот за локална самоуправа Горан Милевски.

„Прво ние самите да се промениме, во поглед на музичките вкусови со тендеција истите да ги подигнеме на повисоко квалитативно ниво. Мора прво тоа да се стори, бидејќи примерот со Битола каде странски ди џеи реализираа слаба посетеност од граганите. Но, кога е во прашање вакви манифестации музичките вкусови се различни, но да се потрудиме да не доминира оној просечниот, каде квалитативноста е на ниски гранки“. Сепак за мене многу важено е разговорот со граганите, нивните предлози и мислења, оцени Горан Милевски – Министер за локална самоуправа

Ќе променат ли нешто организаторите во иднина  е непознато но  сите напред споменати звезди од Регионот извлекоа околу 150 000 евра и собраа околу 150.000 публика , што значи колку евра толку публика.

Author: FOLKCLUBTV

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *