ТАНЕЦ СО ГОРДОСТ СЕ ВРАЌА ВО МАКЕДОНИЈА ОД АВСТРАЛИСКАТА ТУРНЕЈА


Како и претходните два концерти на ТАНЕЦ во Мелбурн и Канбера, концертот во Сиднеј заврши со долги аплаузи и овации од публиката, која ја исполни големата сала на Центарот за забава „Сатерленд“ (The Sutherland Entertainment Centre) до последното место. Овој престижен простор, најпознатиот во јужната сиднејската област Шаер беше претесен да ги собере сите љубители на македонскиот фолклор и да ја издржи сите восклици на одушевување од уметноста на ТАНЕЦ. Со ова, на најубав можен начин беше заокружена австралиската турнеја и воедно овогодишното меѓународно претставување на ТАНЕЦ во неговата јубилејна година. Големо браво за уметниците на ТАНЕЦ, но и за верната, наша и странска, публика во далечната Австралија. Мисијата за врвно претставување надвор од нашите граници е уште еднаш успешно исполнета

Author: FOLKCLUBTV

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *