Унгарија се повлекува од Евросонг- Им бил премногу геј?!

29 ноември 2019, 16:28СподелиСподели

„Гардијан“, сепак, пишува дека Унгарците се откажале од конкуренцијата затоа што Евровизија се повеќе се поврзува со ЛГБТК заедницата. Унгарците ги негираат овие обвинувања и велат дека парите наменети да одат на натпреварот во Ротердам, ќе бидат насочени директно кон поддршка на вредна музичка продукција на унгарски поп таленти.

Унгарија се натпреваруваше на натпреварот за песна на Евровизија 17 пати од 1993 година и влезе 14 пати во финалето.

„Сакаме да дадеме до знаење дека не размислуваме за сексуалната ориентација на некој што се натпреварува на настан или манифестација“, се вели во изјавата на МТВА.

Инаку, никој не го крие присуството на ЛГБТК културата на Евросонг. Добар дел од машките љубители на ова натпреварување се геј , а дел од натпреварувачите ги надминаа предрасудите натпреварувајќи се на Евровизија. Многумина велат дека Евросонгот е всушност Светски куп за геј мажи.

Author: FOLKCLUBTV

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *