(ВИДЕО) Сузана Гавазова провокативна во спотот за “Џунгла”

Една од најпознатите и најбараните фолк пејачки во земјава и надвор од неа, Сузана Гавазова, на уникатен начин им ја честита новата 2020-та година на своите пријатели и следбеници на социјалните мрежи.

Таа на фејсбук, заедно со убава порака објави уште една нејзина нова песна, повторно заедно со спот кој што е во режија на Ник Скерлев.

-Почитувани пријатели со гордост ви ја претставувам новата песна “Џунгла” и спотот кој го снимавме неодамна со познатиот режисер и продуцент Ник Скерлев. Пред се, сакам да ви ја честитам новата 2020-та година, да сте живи и здрави, Господ да дава мир и спокојство, нека биде бериќетна и плодна за сите. Благодарност до целиот тим и до сите кои работеа на оваа песна и спот !-напиша фолк дивата на својот фејсбук профил.

Author: FOLKCLUBTV

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *