Скандал ја тресе Србија – Се пријавила за учество на Евровизија со украдена песна

Ана Миленковиќ на овагодинешната „Бeовизија“ ќе се претстави со песната „Тајна“ со која ќе се бори да ја претставува Србија на Евровизија. Меѓутоа, токму поради тоа на социјалните мрежи изби скандал.

Фановите коментираат дека во песната „Тајна“ ја препознале мелодијата од цртаниот филм „Х men“. Корисниците на социјалните мрежи имаат негативни коментари и ја напаѓаат пејачката.

Пред само неколку дена, „Беoвизија“ ја потресе уште еден скандал. Имено, Автономниот женски центар реагираше поради песната „Свадба голема“, која ја изведуваат Бора Дугиќ и Балкубано, а во своето соопштение навеле дека споменатата нумера повикува на насилство врз жените.

РТС веднаш реагираше и соопшти дека текстот на песната е изменет, и дека песната ќе остане во натпреварувањето.

Author: FOLKCLUBTV

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *