Татјана Стефановска промовираше песна заедно со спот

Како што кажува и самиот наслов, станува збор за песна со свадбарска тематика на која што како автор на музиката и аранжманот се потпишува маестро Златко Миладиноски, а текстот го напиша Драган Матески. Песната “На свадба ми дојдоа”, Татијана ја сними во студиото на Дејан Момироски.

-Една убава свадбарска тема, позитивна, свадбата ја опишува невестата. Таа кажува за гостите кои што ги чека од туѓина да дојдат и заедно да се веселат на нејзината свадба. Во оваа песна можат да се пронајдат сите оние кои што имаат таков убав момент, свадба. Меѓутоа најмногу текстот се задржува на гостите кои што треба да дојдат од странство и заедно да уживаат во свадбата на блиската роднина-невеста.-истакна Татијана во интервјуто за сателитската ИН ТВ.

Снимањето на спотот се одвиваше во домот на Татијана и уште на неколку локации низ Охрид во соработка со ИН Продукција.

Нејзините очекувањата се песната да биде добро прифатена од јавноста и да заживее меѓу народот. Татијана се надева дека “На свадба ми д

Author: FOLKCLUBTV

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *