Дамјан Стојаноски со нова песна,овојпат балада


“Останав сам” е насловот на најновата песна на Дамјан Стојаноски за која што деновиве сними и спот.

Дамјан овојпат одлучи снимањето на видеото да се одвива на неколку прекрасни локации крај езерото Козјак, а за изработка на спотот повторно ги одбра неговите соработници од ИН Продукција.

–Снимањето помина одлично и времето не послужи, имавме навистина прекрасен ден. Се надевам дека спотот ќе биде прифатен и дека ќе излезе многу убаво.-истакна Дамјан за естрадниот магазин Естрада плус.

Тој во интервјуто за ИН ТВ открива како дошла идејата за оваа песна додавајќи во истата е опишана вистинска случка од неговиот приватен живот.

-Песната се вика “Останав сам” и некој можеби ќе си рече “Како сам, тука му е фамилијата”, но тоа “сам” е малку метафорично кажано бидејќи имав така една емотивна случка во мојот живот и ја направив токму оваа песна, дома пред камин. И токму затоа во спотот има инсерти каде што го користиме каминот од викендицата на мојот вујко, па би сакал да му се заблагодарам што ни ја отстапи за снимањето.-раскажува Стојаноски.

Дамјан е комплетен автор на музиката и текстот за песната, додека за аранжманот се погрижи неговиот братучед Златко Миладиноски.

-Јас и повеќето мои песни сам си ги правам, но оваа песна посебно беше направена од моментална состојба и мислам дека повеќето ќе го почувствуваат тоа дека навистина го чувствувам тоа кое што го пеам во оваа песна.-додава тој за гледачите на сателитската ИН Телевизија.

Иако оваа песна е малку поразлична од неговите претходни, тој се надева на добри реакции од јавноста со оглед на тоа што станува збор за доста чувствителна песна.

Author: FOLKCLUBTV

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *