“Далеку од тебе” е насловена првата песна на Секо

“Далеку од тебе” е насловена првата песна на Секо, која што беше претставена деновиве заедно со спот. Секо се надева дека оваа емотивна песна ќе допре до јавноста.

Секо деновиве го промовираше спотот за неговата прва песна, кој што е снимен на повеќе локации низ Македонија и тоа: Планината Голак, Хотел “Sunrise” -Делчево, а дел се снимаше и на браната кај Македонска Каменица.

Станува збор за доста емотивна песна која носи наслов “Далеку од тебе”. Музиката, текстот и аранжманот се дело на Дејан Георгиевски, виолина отсвири Сенат Дурмишов.

-Драги мои пријатели. Чест и задоволство ми е официјално да ви ја претставам мојата прва песна, заедно со видео запис, за која што е вложен голем труд и многу емоции. Ви благодарам на сите кои што учествувавте во снимањето на спотот. Доколку ви се допадне, слободно може да го споделите видеото и се надевам дека ќе уживате.-напиша Секо, во објавата на социјалните мрежи.

Author: FOLKCLUBTV

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *