Овој фолкер од сите на естрадата има најлуксузен дом: Куќата е целата од злато

Српскиот фолк пејач од постарата генерација Љуба Аличиќ изградил луксузна вила во Шабац, која чини повеќе од половина милион евра, пишува српски „Курир“. Во шоуто „Премиера“, тој покажа како изгледа неговиот скапоцен дом.

Ѕидовите се црвени, а просториите се украсени со слики и позлата, што првото што го забележувате кога ќе влезете во палатата на Љуба. Ниту куќите на Цеца и Брена или на Саша Поповиќ, туку се вели дека токму неговата вила е една од најлуксузните на српската естрадна фолк сцена.

Сопругата на Аличиќ, Жељана призна дека е надлежна за целата златна декорација на луксузниот дом.

„Јас се грижев за сè, и се’ јас самата уредував, затоа е облена во златни бои“ – вели таа, па открива дека порцеланот го донеле од Америка, носејќи го во раце, додека мебелот бил набавен од Египет.

Author: FOLKCLUBTV

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *