Пејачката Ана Николиќ не жали пари за ќерката Тара: За роденден и купи подарок од 8.000 евра!

Ана Николиќ купи коњ од 8.000 евра! Пејачката одлучи да ја израдува ќерка си Тара за третиот роденден и да ѝ го подари ова благородно животно.

Николиќ по препорака отиде во една ергала и избра коњ со пегички.

– Ана и порано јаваше во Белградскиот хиподром, но последниве години го запостави ова свое хоби. Но бидејќи сега не настапува поради корона, одлучи повторно да најде време за дружба со коњите. Оди на јавање секогаш кога е во можност и настојува љубовта кон коњите да ѝ ја пренесе и на Тара. Па така неодамна заедно беа во ергелата и на Ана ѝ се допадна еден бел коњ“, раскажува доброинформиран извор за порталот „Србија данас“, и додава:


– И на Тара ѝ се допадна животното и веднаш ја праша мајка си дали можат да го носат дома. Ана само се насмевна, а потоа ѝ текна дека би можела да го купи коњот и да ѝ гоподари на Тара по повод третиот роднеден, кој е во понеделник. Му се јави на Раста и го праша што мисли за тоа, и нему му се допадна идејата…

Николиќ утредента повторно отиде во ергелата за да ги договори сите детали за купувањето на новиото милениче.

– Сопственикот на егрелата ѝ кажа дека коњот чини 8.000 евра и дека ќе мора да плаќа месечно одржување и храна. Ѝ ги покажа шталата и просторот за јавање. Ана кажа дека често ќе доаѓа на јавање со ќерка си. Тара е пресреќна што доби ново милениче и постојано сака да го гали – објаснува изворот.

Author: FOLKCLUBTV

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *