Шок од Maрија Шерифовиќ: Го известувам Саша дека остана без член на жирито

Пејачката Марија Шерифовиќ во моментот е во САД, поточно во Калифорнија. Како и секогаш и овојпат таа е многу активна на социјалната мрежа Инстаграм, користејќи ја секоја можност да им се обрати на своите фанови.

Во своето утринско обраќање Марија се обрати до директорот на „Гранд“, Саша Поповиќ, и му порача дека мора да си наде нов член на жири комисијата.

-Во оваа прилика, би сакала да ги поздравам сите и да ги известам дека кога ќе се вратам дома, најверојатно ќе следи карантин, па тестови за ПЦР… и да го известам Саша Поповиќ дека ќе остане без член на жирито – се пошегува Марија.

Author: FOLKCLUBTV

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *