По одличните коментари за “Врати ми се” Туше и Профа бенд најавуваат нова карантинска песна

После одличните коментари за изведбата на песната “Врати ми се”, Благојче Стојановски Туше и Профа Бенд во интервју за Сателитската ИН Телевизија најавија уште една карантинска песна.

Откако нивната заедничка карантинска изведба на познатиот хит “Врати ми се” од дуото Селимова-Желчески беше одлично прифатена, а за истата добија бројни позитивни коментари и пофалби од нивните фанови и јавноста, Благојче Стојановски Туше и Теодора и Горан од Профа Бенд најавуваат уште една карантинска изведба на релација Ресен, Кичево, Малме. Тие не ја исклучуваат можноста за снимање и на авторска дует песна во блиска иднина.

-Зошто да не, јас сум заинтересиран, сега зависи од песната бидејќи песната треба да се погоди. Нема проблем, јас сум отворен за соработка па ќе видиме. Уште една карантинска мислам дека ќе снимиме, не мора да биде во блиска иднина, тоа може да биде за две три недели или месец дена. Битно желба имаме, сега ситуацијата е таква што сеуште не знаеме што ќе се случува, не знаеме до кога ќе биде вака, до кога нема да има свирки, до кога ќе е оваа пандемија. Тоа е тоа, оставаме на времето, да сме здрави и живи, сега засега ќе се радуваме и ќе ги веселиме нашите фанови преку интернет, а за во живо во некои подобри времиња.-истакна Туше, во интервјуто за ИН ТВ.

Краткиот престој на Теодора во Македонија, тие го искористија да го посетат студиото на ИН Продукција, каде што воедно ја претставија карантинската изведба на песната “Врати ми се”. Нивната соработка како што велат продолжува и понатаму.

Author: FOLKCLUBTV

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *