“Македонски Гордооди” отскочна даска за Мирослав Мирчески

Песната “Македонски Гордооди” е отскочна даска за младиот и доста талентиран пејач Мирослав Мирчески. Тој со оваа песна ја однесе победата на фестивалот Гоце Фест, но вели дека за него најголема награда е громогласниот аплауз на публиката.

Можеме слободно да кажеме дека песната “Македонски Гордооди” со која што победи на Гоце Фест е отскочна даска за младиот пејач Мирослав Мирчески. Тој на фестивалот се претстави во одлично светло, а со оглед на тоа што ја освои првата награда од публиката тој сеуште е под импресии бидејќи тоа е награда која што е најбитна за еден пејач.

-Песната Македонски Гордооди за мене беше едно феноменално случување. Јас и претходно имав настапи на фестивали, меѓутоа тоа беше неопишливо чувство. Пред се, кога излегов на сцената публиката добро ја прифати песната, најголема награда беше откако ја отпеав песната аплаузот и веќе на крајот кога се доделуваа наградите и тоа беше неопишливо чувство. Кога јас на моја 21 година, првпат учествував на Гоце Фест и ја освоив најголемата награда, прва награда од публика која се вика Војо Стојаноски. Да напоменам дека песната доби и награда за аранжман која припаѓа на Златко Миладиноски кој се погрижи за песната да спаѓа во едно ремек дело.-вели Мирчески во неодамнешното интервју за ИН ТВ.

Инаку, текстот за Македонски Гордооди” го напиша Зора Спироска, а музиката е дело на Мирослав.

За ова име и овој млад музичар кој што ја негува исклучиво македонската песна, веруваме дека во иднина уште многу ќе се слуша.

Author: FOLKCLUBTV

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *