Јован Поп-Стефанија раскажува за неговите почетоци со музиката

Која е музичката приказна на Јован Поп-Стефанија од познатиот Охридски Ансамбл Билјана?!

Јован Поп-Стефанија од Ансамбл Билјана пред извесно време гостуваше во студиото на ИН Продукција.Тој меѓудругото, за естрадниот магазин Естрада плус ги открива деталите за неговите почетоци во музиката, но ни раскажа и една мошне интересна случка од неговото детство.

-Можеби не се сеќавам точно во години, но најпрво за запишав на музичко и таа е една интересна приказна која што можам да ви ја раскажам. Таму имаше аудиција, го поздравувам Петар Булоски кој беше таму. И требаше да отпееш некоја песна за да видат дали си музикален, дали имаш осет за ритам итн. Па како и сите деца треба да отпееш некоја детска песна. Мајка ми дома ми ја пушташе Никола НиколаЕх тој Тоше, јас и викам добро добро. Дојде време кога требаше да одиме на аудиција и јас ја запеав песната Народе Македонски”, сите таму се изненадија и им остана како еден драг спомен и до ден денес кога ќе се видиме ми велат “Ти си посебно нешто, ни остави еден одличен впечаток”.-раскажува Поп-Стефанија, за Естрада плус.

Како што вели Јован во интервјуто за ИНТВ, најпрво започнал да свири на клавир, но се одлучил да се префрли на хармониката која што е аманет од неговиот стрико.

Јован е и главниот виновник за оформување на подмладокот на Ансамбл Билјана, чија идеја е зачувување на Охридската Староградска песна.

-Почнав со клавир, а некаде на 11 годишна возраст се префрлив на хармоника Благодарение на мојот стрико, јас ја имам наследено неговата хармоника и ден денес свирам како семејно културно наследство на неа. Почнав да свирам хармоника и по завршувањето на Основно училиште на 13-14 години го формирав под негово раководство заедно со мојот брат Димитар Поп-Стефанија, подмладокот на Ансамбл Билјана и досега се сменавме неколку екипи низ текот на овие десет години, но идејата е иста. Да ја зачуваме и да ја унапредиме Охридската Староградска песна примарна и да ја зачуваме Староградската песна која што ја има на територијата на цела Македонија.-додава Јован, за гледачите на ИН ТВ.

На 16-ти јули Ансамбл Билјана заедно со нивните музички пријатели одржаа одличен Езерски концерт во чест на нивниот колега, Андреј Лаброски, а истиот беше пренесуван во живо на Сателитската ИН Телевизија и Охридската ТВМ.

Author: FOLKCLUBTV

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *