Тања Савиќ бара пари од колегите: „Помогнете ми, ќе ви вратам од настапите“

Српската пејачка Тања Савиќ минува низ тежок период во нејзиниот живот поради тоа што сопругот Душан ги однесе нивните синови во Австралија додека таа се обидува на секој можен начин да ги слушне.

Пејачката реши да патува во Австралија и да се обиде и да се бори за децата. За тоа и треба финансиска помош.

“Да не беше здравствената криза и целата ситуација што се случи со парите, ќе бев таму одамна. Јас не сум некој што практикува молење за помош, но сум принудена да соберам пари за да заминам во Австралија што е можно поскоро”, изјави Тања.

Тања додаде дека борбата нема да биде лесна.

“Мислам дека во ваква ситуација само мајките можат да ме разберат. Ќе видам од кого да позајмам пари, тоа не е мала сума, па затоа ќе враќам од настапи. Се надевам дека ќе има некој да помогне” –вели Тања Савиќ.

Author: FOLKCLUBTV

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *