Жељко Самарџиќ во интервју за КУРИР: Во Охрид го променив имиџот, во Кочани ми се заканија со пиштол среде автопат (ВИДЕО)

Балканскиот романтичар Жељко Самарџиќ неодамна ги изненади сите со голема промена, неговиот нов имиџ – впечатливите брада и мустаќи и очила.

А, на 16. Февруари Жељко ќе ги изненади сите фанови со голем спектакуларен концерт во Скопје, по повод месецот на љубовта и виното. Во Вип Арената Борис Трајковски ќе одекнуваат неговите нови хитови како и неговите добро познати без временски балади.

Во пресрет на концертот на Самарџиќ КУРИР направи ексклузивно интервју, кое следува во продолжение.

Најнапред добар ден и ви посакуваме топло добредојде во Скопје, како се чувствувате и Ви благодариме што ја прифативте понудата да бидете дел од интервјуто на КУРИР.

-Ви благодарам, мене ми е задоволство да бидам во Скопје кој знае по кој пат доаѓам во овој убав град со добра соработка и добра енергија со луѓето кои веќе со години ме пратат мене и моите концерти, мислам дека сме побогати за некои нови песни, така да ќе биде интересна прилика да го промовираме комплетниот албум и секако одвои една најнова песна која се уште никаде не е објавена и за прв пат во Скопје на концертот ќе ја изведам премиерно со својот бенд.

Речиси не може да се одбегне прашањето да Ве прашаме за вашиот нов имиџ кој навистина ви стои многу убаво и ве подмладува.

-Тоа е интересно и се случи сосема на еден мој концерт во амфитеатарот во Охрид каде јас дојдов со задоцнување и немав време да се избричам, а брадата ми беше голема и изгледав како Робинзон Крусо. Си реков што да правам, ајде малку да се пошегувам со публиката, па им реков ако го сакате Жељко морате уште малку да почекате. Им кажав дека јас ќе отпеам неколку песни додека тој не дојде и секако кога они слушнаа дека пеам јас тие ме препознаа мене. Оттаму започна целата приказна, а кога дојдов во Белград мојот кум кој е и мој стилиста малку се потруди да одиме кај луѓе кој добро тоа го прават и мислам дека направив добра работа.

Следниот месец во Скопје ќе се одржи концерт каде што ќе се прослави во името на љубовта и виното, што може да очекува македонската публика од концертот?

-Јас и до сега на своите концерти имав поддршка од публика која од почеток, па се до крајот пеат со мене, значи сега сум побогат за само со нов албум и се надевам дека и новите песни ќе ги пеат со мене. Секако тука одбрав и некој мене драги македонски песни, кои во посебен амбиент и задоволство ќе ги испеам.

На концертот во Скопје ќе биде присутна и вашата ќерка Миња, која ќе биде придружен вокал, дали вие сте најзаслужен постапките да ги преземе од Вас?

-Знаете како, јас ја имам таа желба тоа што таа го свири на својата гитара во нашата куќа да го слушнат сите, меѓутоа таа ја нема голема доверба и кога започна со мене да настапува имаше отпор, бидејќи јас сум и татко. Дали таа ќе се осмели повторно јас тоа не знам, јас сум и татко и таа засега патува со мене и таа е член на мојот бенд и пее придружен вокал и мислам дека ќе ми појде од рака да ја наговорам во Скопје да отпее нешто што ќе пеат сите со неа.

Во српските медиуми неодамна имаше шпекулации дека вие веќе сте се затвориле дома и сте се откажале од кариерата бидејќи условно кажано ве уморила. Дали ова е вистина?

-Јас сум едноставно во години кога се занимавам со некој друг живот и во вистинска смисла уживам во плодовите од својата работа. Секако дека се уште останав активен кога се во прашање концертните активности, но многу помалку посетувам телевизиски емисии, порано повеќе одев и можеби поради тоа што не сум толку често во медиумите па тие ме ставаат во друг план, но мислам дека тоа најдобро се покажува на концертите, бидејќи популарноста и неговото постоење се гледа токму на концертите и колку луѓе ќе дојдат.

Што е ново што го подготвува Жељко Самарџиќ?

-Ново е тоа што навистина на почетокот на оваа година влегов во студио и вредно работам за да правам нови песни, без обѕир на албумот кој веќе излезе и актуелен. Јас имам фонд од некаде десетина песни, а која кога ќе дојде на ред не знам.

За крај дали може да ни раскажете некоја анегдота која се случила токму во Македонија, со Македонци, со блиски пријатели?

-Овде од секогаш имало убави моменти и задоволства, да речеме дека по завршување на едно гостување во Кочани со екипата влеговме во комбето и тргнавме назад, некој момчиња се пошегуваа со пластични пиштоли и сакаа да не застанат. Ние бевме преплашени, за среќа јас го имав бројот од министерот на полицијата и полицијата одма реагираше и ги упаси момчињата. Тоа беше неславна шега, мене подоцна ми беше жал за тие момчиња, но беше непријатно доцна во ноќта да те застане некој и да ти го приреди тоа непријатно изненадување.

Author: FOLKCLUBTV

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *